Фиорентина се пласира во финалето на Конференциската лига, откако вечерва во Бриж против домаќинот одигра 1:1. „Виола“ првиот натпревар го доби со 3:2. Тимот на Винченцо Италиано го повтори успехот од минатата сезона, кога исто така се бореше за трофејот, но не успеа да го освои. Во финалето тогаш загуби од Вест Хем со 1:2.
Бриж ја анулираше предноста на Фиорентина во 20. минута, кога Ханс Ванакен го совлада одличниот Пјетро Терачано.
Кристиан Куаме потоа ја погоди гредата, во вториот дел Кристиано Бираги од слободен удар ја погоди гредата, а Куаме стативата.
На крајот човекот кој погоди во 92. минута во првиот меч, М'Бала Нзола, избори пенал во 83. минута. Сигурен реализатор беше Лукас Белтран.
Противникот во финалето Фиорентина ќе го дознае утре, по реваншот Олимпијакос - Астон Вила. Олимпијакос го доби првиот меч во Бирмингем со 4:2.
Финалето ќе се игра на „Аја Софија“ стадионот во Атина на 29 мај.