Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Португалскиот мрежен оператор REN објави дека во оваа земја минатиот месец 94,9 отсто од електричната енергија е произведена од обновливи извори на енергија, што е големо достигнување во овој сектор.

Кога станува збор за обновливите извори на енергија, најмногу електрична енергија се произведува во хидроцентралите (48 проценти), по што следат ветерните електрани (30 проценти), а остатокот во соларните централи.

Сепак, според податоците на REN, производството во соларните централи е значително зголемено. Имено, минатомесечниот пораст на производството во соларните централи беше најголем месечен пораст досега. Тогаш беше постигнато дека 10 проценти од потребите за електрична енергија се задоволуваат со користење на сончевата енергија.

Во Португалија во првите четири месеци од годинава уделот на фосилните горива во производството на електрична енергија изнесува девет отсто. Во овој контекст, потребно е да се издвои фактот дека употребата на гас во првите четири месеци од годинава е преполовена во однос на првите четири месеци од минатата година.

Сепак, интересно е што уделот од 94,9 отсто на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија не е национален рекорд за Португалија. Всушност, најголемо учество имало во 1978 година, кога изнесувало 95,4 отсто.

Оваа земја направи голем скок напред во користењето на обновливите извори на енергија - од 27 отсто во 2005 година на 54 отсто во 2017 година. Пред три години почна постепено да го укинува производството на јаглен и го зголемува својот хидроенергетски потенцијал. Понатаму, минатата година таа беше трета во светот по користење на ветерот за производство на електрична енергија (29 проценти). По неа следуваа Ирска (36 проценти) и Данска (58 проценти).

Сепак, како што соопшти британската организација Ember, Португалија го имаше својот врв во користењето на ветерот за производство на електрична енергија во 2019 година, пренесува Euronews.

реклама

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Бизнис

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Read more

Како африканското злато, вредно десетици милијарди долари, завршува во Емиратите?

Read more

Германските угостители не можат да најдат доволно работници за Европското првенство

Read more

Шпаркасе Банка пионер во имплементација на платформата Отворено банкарство

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе