Прелиминарните неофицијални резултати на Државната изборна комисија ја проектираат сликата на новиот парламентарен состав по денешните избори.
Резултатите, кои сѐ уште не се конечни, но се блиску до официјалните, велат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедливи 59 пратеници, додека СДСМ само 18. Со евентуална коалиција со ВЛЕН (ВРЕДИ) би составиле влада од 72 пратеника.
Тројно подобар резултат од минатите избори има Левица, која овој пат ќе има 6 пратеници, додека одличен резултат постигна и новата партија ЗНАМ со освоени 5 пратенички мандати.
Прелиминарни резултати по мандати: