Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Сите љубители на бело месо и карфиол ќе бидат воодушевени од овој едноставен рецепт.

Доколку сакате да направите вкусен ручек со месо, но и да вклучите зеленчук, тогаш ви го препорачуваме овој рецепт. Направете бело месо печено со карфиол што ќе го сака целото семејство. Можете да го послужите со парче леб или сезонска салата.

Потребни состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 1 карфиол
  • 2 јајца
  • 1 китка млад кромид
  • грст беби спанаќ
  • 2 домата
  • 200 гр кашкавал
  • 1 лажица мајонез
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Карфиолот исчистете го и исечете го на кришки, а потоа кратко проврете го во зовриена вода. Доволно е да го оставите само неколку минути, околу 5-7. Карфиолот процедете го, па зачинете го, а потоа наредете го во тавче обложено со хартија за печење подмачкана со масло. Прелијте со изматените јајца кои сте ги посолиле и побибериле.

Исечете го месото на тенки парчиња, а потоа посолете го и побиберете го. Ставете го белото месо во сад и додадете му ги мајонезот и сечканиот спанаќ. Сè убаво соединете со раце, па наредете преку карфиолот.

Одозгора наредете сечкани домати и млад кромид, па над сѐ посипете рендан кашкавал.

Печете во загреана рерна на 180°C околу половина час.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе