Атанас Атанасовски: Скопската публика најдобро ме „конта“

Актерот, или како што тој за себе вели – забавувач – Атанас Атанасовски, ѝ е добро познат на македонската театарска публика, како дел од ансамблот на Театар Комедија.

Фото: А.С. / КАЈГАНА

Со десетици улоги зад себе, на театарската сцена и на филм, бројни стендапи и настапи на Златна бубамара на популарноста, Атанас приземјено зборува за театарот и комедијата, за човечката потреба за смеа, особено во тешки времиња.

Во интервјуто за Kajgana.com ни откри дека на „домашен терен“ во Скопје најдобро се разбира со публиката, но и како изгледа „претставата зад престава“.

Минатата година ја заокружи со улогата во претставата ,,Илуминати“, работена според култниот филм на Хичкок, ,,39 скали“, во режија на Синиша Евтимов. Жанровски, претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Ова не беше твоја прва соработка со Синиша, но беше прва прилика по подолго време да ве видиме тебе и Тино (Костадиновски) надвор од веќе добро утврденото и проверено добро дуо. Каков беше процесот на работа со Синиша?

-Во процесот сите влеговме ентузијастички, искрено, другарски, концентрирано… А го завршивме ко што се завршува тинејџерска љубовна врска со многу расправии и обвинувања и долги СМС пораки… Ама тоа некако ни стана ко суеверие пред секоја премиера, почнавме да веруваме дека ако не се скараме дека нема да извадиме добра претстава. Изгледа за следната ќе ставиме ракавици и ќе влеземе во ринг влезот ќе биде бесплатен.

Фото: А.С. / КАЈГАНА

Како ти лично го доживеа градењето на твоите ликови и динамиката со Сергеј (Димовски), со кој се покажа дека сте комичен двоец со поразлична енергија која испорачува громогласна смеа во публиката. Се чини дека и публиката добро го прифати ова растење во малку поинаков правец што ви даде прилика и тебе, и на Тино, да покажете дека имате да понудите многу повеќе од „провереното“ и да заблескате во поинаков сјај.

-Со колегата Сергеј се разбравме од прва. Лесно е да работиш со талентиран човек. Задачата во оваа претстава ни беше да ги играме кловновите кои имаат по шеснаесет промени и постојано се менуваат и влегуваат од еден карактер во друг. Тоа подразбира и менување на костим. За некои промени имаме само по 45 секунди па ако немаме помош позади сцената, не би стигнале. Нас позади кулисите ни се случува уште една паралелна претстава од таа што оди на сцената. Развивме свој систем на пресоблекување и земање на реквизити за да си олесниме. Во секој случај многу предизвикувачка и забавна е за играње претставата ,,Илуминати”.

Динамичното дуо Атанас и Тино продолжува да „живее“ на стендап сцената. Каква би рекол дека е атмосферата во овој сегмент? 

-Жешка. Ние сме среќни бидејќи секогаш доаѓа некој кој сака да слуша што имаме да кажеме… Некогаш сме подобри некогаш полоши… Во секој случај имаме публика која ужива во стендапот.

Имаме ли капацитети за здрава стендап сцена и уште поважно – имаме ли публика која мотивира и критикува?

-Имаме како не. Ние настапуваме на повеќе места низ Скопје. И можам да кажам дека и во Центар и во Аеродром дури и во Драчево има интерес за гледање на двајца актери кои имаат свои погледи кон светот.

Колку време во просек ви треба за да „заклучите“ еден сегмент? 

-Некогаш еден ден, некогаш десет месеци ни се малку.

Фото: А.С. / КАЈГАНА

Како идејата се претвора во шега?

-Само си велиш: А замисли…

Како стилот на опсервациска комедија се разликува од анегдотскиот?

Тоа што се случува во моментот публиката го препознава и знае дека е свежо… Како се случува тоа не знам, ама сум сигурен дека тензијата и непредвидливоста во тој даден момент создава една атмосфера која е магична. Од друга страна раскажувањето на анегодота е со почеток, средина, крај.

Дали има одредена структура на шегата што ја прави „посмешна“?

-Да го чуеш тоа што не го очекуваш.

Кои шеги мислиш дека се најсмешни или кои добиваат најпозитивна реакција?

-Тие што се вистинити. Неверојатно е дека кога е вистина е најсмешно.

Која ти била најдобра стендап ноќ досега?

-Во бифе третиот настап претходната пролет.

Во кој град публиката најдобро те „конта“?

-Во Скопје. На домашен терен.

Кои се твоите „омилени специјалитети“ за стендап?

-Тие што ќе се случат непланирано.

Кои современи феномени никогаш не треба да бидат тема на комични изведби?

-Не постојат такви. Јас мислам дека за сѐ треба да се смееме, полесно ќе ни биде.

Колку е тежок животот на уметник во Македонија?

-Не знам. Ова би требало да прашате некој уметник, јас сум само забавувач.

На кое прашање би сакал да одговориш, а никогаш не ти го поставуваат?

-На ова.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Интервју

КАЈГАНА ЕКСКЛУЗИВА со Срѓан Драгојевиќ: Од поезија до филм и учеството на Саем на книга во Скопје

Read more

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе
  • play_arrow

Подемот и падот на првиот вегански фудбалски клуб

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе