Бирајќи го идеалниот Bluetooth звучник: 6 работи на кои треба да се внимава

Понудата на Bluetooth звучницитеникогаш  не била поголема. Доколку сакате да направите добар избор, на овие 6 работи треба да обрнете внимание.

Во денешното дигитално време, музиката стана незаменлив дел од нашиот секојдневен живот. Без разлика дали сте страствен љубител на музика или едноставно уживате во омилените песни, многу е важно да го направите вистинскиот избор кога купувате нов Bluetooth звучник.

Ако се впуштите во процесот на купување и не знаете кои функции се важни, ние сме тука да ви го привлечеме вниманието на неколку клучни карактеристики на овие уреди што ќе ви помогнат да го изберете најдобриот Bluetooth звучник, без оглед на вашиот буџет.

Квалитет на звукот

Многу важна карактеристика при одбирањето е квалитетот на звукот. При купувањето на Bluetooth звучник важно е да се фокусирате на уреди што пружаат јасен и полн звук. Квалитетот на звукот варира од модел до модел, па важно е да се прочитаат спецификациите и рецензиите за да се информирате за перформансите на звучникот. Обратете внимание на параметри како што се фреквенцискиот опсег, силината на звучникот и аудио технологијата што уредот ја користи.

Поврзување

Друга важна карактеристика е поврзувањето. Како што сугерира името, Bluetooth звучниците користат Bluetooth технологија која им овозможува безжично поврзување со телефони, таблети и компјутери.

При изборот на звучник, важно е да се обрне внимание на Bluetooth верзијата поддржана од уредот. Во моментов, поновите модели поддржуваат Bluetooth 5.3, кој нуди поголем опсег и подобри брзини на пренос на податоци во споредба со постарите верзии. Сепак, бидејќи оваа технологија е сè уште релативно нова, можете слободно да изберете модел што користи сè до верзијата Bluetooth 5.0, но не би ве советувале да одите под тоа.

Со поновите верзии на Bluetooth, опсегот помеѓу звучникот и вашиот уред ќе биде поголем, а врската ќе биде постабилна и поквалитетна, со што ќе се избегне несаканото сецкање.

Преносливост

Иако можеби не звучи толку важно како претходните две ставки, преносливоста е исклучително важна при изборот на нов Bluetooth звучник. Една од главните предности на овие уреди е можноста да ги носите со себе и да ги користите во различни средини.

Без разлика дали сакате да слушате музика на патување, на плажа или едноставно да ја однесете на пауза во друга просторија за да се опуштите со вашите омилени песни, кафе и уред без чад lil SOLID Ez што не произведува чад и пепел. Преносливоста ќе биде клучен фактор во одлуката да го носите звучникот насекаде со себе.

Погрижете се звучникот да има компактен дизајн, да е лесен, а исто така можете да проверите дали има дополнителни опции како рачки или ремени за носење, што го олеснува носењето и користењето.

Издржливост

Доколку преносливоста на Bluetooth звучникот е карактеристика што ви е важна при изборот, би било добро да обрнете внимание и на издржливоста. Без разлика колку сте внимателни со вашите уреди, работите понекогаш може да излезат од контрола, па сертификатот за отпорност на вода може да ви ги отстрани сите грижи.

Ве советуваме да не купувате Bluetooth звучник кој нема барем IPX7 водоотпорен сертификат, бидејќи на овој начин ќе бидете смирени дури и ако ненадеен дожд за време на планинарење во природа го намокри или ако некој случајно го потури за време на забава. Не само тоа, ако вашиот нов звучник е пренослив и водоотпорен, не се сомневаме дека со задоволство ќе го носите со себе и додека се туширате.

Траење на батеријата

Bluetooth звучниците се напојуваат со помош на батерија, па затоа е важно да изберете модел кој обезбедува добра автономија, односно доволно време за репродукција на музика.

Проверете ги спецификациите на звучниците и прочитајте ги коментарите на корисниците за да дознаете колку долго може да трае батеријата со секојдневна употреба. Знаете дека вашиот телефон може да издржи ден или два, знаете дека вашиот Lil Solid Ez уред обезбедува 20 до 25 употреби со едно полнење - па зошто да не знаете колку часа музика можете да добиете од вашиот звучник?

Исто така, проверете дали звучникот поддржува можност за истовремено полнење преку USB-кабел и репродукција на музика, што е многу важно за да не мора забавата да престане доколку се потроши.

Цена

На крајот, ценмата е исто така важен фактор при купувањето на Bluetooth звучник. Цената на звучниците може да се разликува во зависност од брендот, квалитетот на звук, дизајнот и дополнителни функции. Одредете сума што сте спремни да иоздвоите и истражете ги различните модели во рамките на таа цена. Немнојте секогаш да се фокусирате на најевтината опција, нои ни на најскапата, туку барајте добар сооднос помеѓу цена и квалитет.

Тагови
реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Хардвер

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Read more

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе