Блаже Петревски – Ендемион ја објави новата стихозбирка Откровение

Објавена е нова стихозбирка „Откровение“, од поетот Блаже Петревски – Ендемион,  во издание на Академска Мисла – Скопје.

Професорот и декан на Филолошкиот факултет, Владимир Мартиновски забележува дека поезијата на Блаже Петревски претставува нов силен поетски глас на македонската поетска сцена.

Во поетските визии на Петревски светот како одново да се создава. Митската магма на оваа поезија ѝ дава посебна сила: сликајќи ги и доловувајќи ги почетоците и „утробата на вселената“, поетот ја враќа на голема врата сакралната димензија на митскиот начин на мислење како протоуметничка и фундаментална димензија на поезијата. Во таа смисла, митопоетските траектории на оваа стихозбирка на Петревски се сосредоточуваат токму врз самиот творечки порив, врз драгоценоста но и противречноста на поетското искуство. Песните трасираат ново откровение; поезијата е нов живот во исцрпена вселена; а поетските слики нè водат низ огромни пространства и фантазмагорични предели низ кои патуваме.

Современиот македонски писателот и книжевен критичар, Стефан Марковски, истакнува дека словото на Блаже Петревски манифестно прогласува нова епоха преку сопственото поетско откровение, кое не може да постои на друг начин освен во вид на свеченост чујна единствено за оние кои имаат уши. Изострувајќи го умот на читателот, Петрески значењата на зборовите не ги сведува на едноставни игри, ами на бури од стилски фигури, идентификувајќи го читателот на овие стихови како доживувач на доживеаното, изнесувајќи го и послужувајќи го сопствениот свет како епохѐ кое изискува изнурнување во поетовиот креативен ум, наместо гледање низ каква било вообичаена поетско-толкувачка призма.

Блаже Петревски – Ендемион е автор е на две стихозбирки: „Врвот Дно“ 2023, и „ Хипербореја“ 2023 година, во издание на Академска Мисла – Скопје. Поетската книга „Откровение“ 2023 е негова трета стихозбирка. Дел од неговата поезија е застапена во меѓународната антологија на германски јазик.

Петревски учествуваше на меѓународниот поетски фестивал Haus fur Poesie во Келн, Германија, во соработка со академијата на уметностите од Берлин, што се одржа од 22 до 29 октомври.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе