Тогаш ставете ја на тест вашата снаодливост и избегајте од просторијата за 10 секунди. Знам, и мене ме исфрустрира. Команди: користете го маусот.
Добриот стар "Arkanoid" во ново флеш руво. Обидете се да срушите се што има над вас, но не дозволувајте да падне топчето. Команди: користете го маусот.
Искористете ја магнетната сила за да ги уништите ракетите и заштитите вашата база. Ќе ви изгледа чудно на почеток, ама ќе се навикнете. Команди: Користете го маусот.
Изградете кула со подредување на блоковите (SPACE). За поголема прецизност добивате повеќе поени. Обидете се да наредите што е можно повеќе блокови без да се растури кулата.
Следете ги инструкциите пред секоја мисија. Во некои е потребно да убиете, а во други само да исполните некоја специфична задача (да не се залетате да скинете некоја глава).
Ова е една од најдобрите игри од минатото, но во flash варијанта. Прочитајте ги командите во How to Play делот на почеток на играта, инаку гарантирано ќе се збрцате на првите шилци.
Изберете едно од четирите теренски возила и започнете ја трката. Команди: возилото го управувате со стрелките, забрзување - SPACE, трикови - X.
Крвава снајперска игра со доста графички моменти. Пред секоја мисија има детален опис за вашата мета, прочитајте го за да избегнете фрустрации.
Поентата е да исполните 2/3 од екранот, без да ве допрат малите топчиња. Кликнете и држете со маусот. Заразна игра. После четвртото ниво, станува навистина тешко.
Инфилтрирајте се на територијата на непријателот и почнете да пукате по се што мрда. Ретко добра "флиперска" игра. Команди: стрелките за движење, маусот за пукање.
Собирајте патници и следете ја црвената стрелка за да стигнете до бараната дестинација. За поголем бакшиш, завршете го патувањето што побрзо.
Игра која во стилот потсеќа на Tower of Defence, но суштински се разликува. Не дозволувајте балоните да ја поминат целата патека. Ваша задача е да ги дупнете пред да стигнат до крајот.
Внесете ја топката во обрачот. Може да играте против компјутерот, или да го предизвикате вашиот пријател или колега. Користете ги стрелките на тастатурата.
Позиционирајте го топчето на вистинското место за да ги уништите другите предмети. На првите 10 (од 18) нивоа не би требало да имате проблем, а понатаму...
Ваша задача е да обезбедите безбеден транспорт на рибите, чувајќи ги од гладните птици кои ќе се обидат да ви ги украдат. Попатно, не заборавајте да купите оружје и да се надградите.
Интересна авантуристичка игра во Супер Марио стил. Команди: движете се со стрелките, напад на SPACE, стиснете Z за да влезете во панелот за преобразба.
Игра од типот на Last Stand, во која треба да ги одбиете сите напади и да го одбраните вашиот дом. Пукајте во глава, поефективно е. Користете ги WASD за движење.
Колку сте снаодливи флеш моторчиња? Играва изобилува со различни нивоа. Ваша задача е да ги завршите што поскоро. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.
Игра која ќе го разбуди вашиот олимписки дух. Натпреварувајте се во разни атлетски дисциплини и соберете што повеќе медали. Команди: X за трчање, Z за скокање.
Игра, која ќе ви помогне во надминување на фрустрациите на почетокот на работната недела. Графички некоректна и без никаква смисла. Баш таква каква што се бара...
|