Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Ние од граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженијата со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен живот на сите граѓани.

Затоа денес до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план!

Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво.

Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме!

Одговорите од партиите ги очекуваме до 2 мај.

Јавно и во целост ќе ги објавиме пред гласањата на 8 мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи.

Како граѓани, имаме право на одговори за клучните прашања поврзани со:

  • Загадувањето 
  • Урбанизмот
  • Владеењето на правото
  • Квалитетот на животот

Нашите заложби се јасни: транспарентно, чесно, законито и правично општество за сите, политики кои ги штитат граѓанинот и јавниот интерес,  обезбедуваат и стимулираат активно граѓанско вклучување и обезбедуваат здрава животна средина и подеднакви квалитетни услуги за сите граѓани низ државата.

Во исчекување сме да ги чуеме конкретните одговори од учесниците на изборите. Од нивниот одговор зависи и нашиот одговор на гласањето.

Клик на сликата за поголема верзија

 

Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ - Скопје
„O2 Иницијатива“
Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град“ - Скопје
Граѓанска иницијатива „Зелените од Гази Баба“ - Скопје
Граѓанска иницијатива „Независни за Карпош - За заштита на Карпош“ - Скопје
Граѓанска иницијатива „Заедно за промена“ - Скопје
Граѓанска иницијатива „Стига е“ - Струмица, Босилово, Ново Село
Граѓанска иницијатива „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“ - Скопје
Граѓанска иницијатива „Грин.Орг“ - Кочани
Граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ - Охрид

реклама

Кружен ток не е за секој

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од COVID-19

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе