Грциja парализирана од штрајкови

Бродовите се закотвени во грчките пристаништа, а железничките услуги беа суспендирани во средата поради штрајкот на транспортните работници кои бараат повисоки плати за да се справат со зголемените животни трошоци.

Дури и автобусите и таксистите денеска не работат, па многу патишта во центарот на Атина се пренатрупани бидејќи жителите сами се возат на работа.

Возачите се приклучија на 24-часовниот штрајк на најголемиот грчки синдикат на приватниот сектор ГСЕЕ, кој вели дека платите на превозниците сè уште заостануваат зад оние на нивните европски колеги.

Грција овој месец ја зголеми месечната минимална бруто плата за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврто такво зголемување во последните пет години, додека земјата закрепнува од децениската финансиска криза.

Но, работниците велат дека тоа зголемување не е доволно за да бидат во чекор со зголемените трошоци за храна и домување.

„Пораката е јасна. Работниците не можат да врзат крај со крај додека добиваат најниски плати и цените вртоглаво растат“, се вели во соопштението на GSEE, која претставува околу 2,5 милиони работници.

Конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис, која победи на реизборот во јуни минатата година, вети дека ќе ја зголеми месечната минимална плата на 950 евра до 2027 година, кога завршува нејзиниот мандат, и дека ќе ја зголеми просечната плата за повеќе од 25 отсто на 1.500 евра до истата година.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе