Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Hats and the City е новиот едиторијал на модната линија шапки од дизајнерскиот бренд Мирјана Јосифоска.

Автентичноста на четирите дами во Њујорк од доцните деведесетти е вткаена во новиот едиторијал на колекцијата шапки од Мирјана Јосифоска – првиот македонски дизајнерски бренд за шапки. Во месецот на жената, женскоста ја воздигнуваме на урбано ниво, инспирирано од жените кои постојано се во чекор со нови предизвици и кои притоа успеваат да зрачат со елеганција и сигурност.

Протагонистките од серијалот Sex and the City чии модни комбинации остануваат засекогаш врежани во историјата на модата, овој пат се инспирација за Hats and the City – едиторијал снимен низ улиците на Скопје.

Sophia in Black за вечерно излегување, Monica in Classic Red за важниот денски состанок или Linda in Royal Blue за вино со пријателките – секоја од нив зазема свој став, а вие оставате впечаток со вашата нова комбинација за отворање на пролетната сезона.

Направени од 100% рециклирана сертифицирана волна, со отстранлива тул мрежа или врвки, шапките и беретките целат кон намалување на текстилниот отпад. Одберете уникатен додаток – кажете „да“ за одржлива мода.

Видеото и фотографиите се снимени од страна на Меланија Николовска, како и видео продукцијата. Фото едитор на едиторијалните фотографии е Sam W. Lab. Модел за модниот едиторијал е Надја Миланова (Подиум). Шминката и фризурата е изработена од студентите Агнеса Ајризи, Тамара Андоновска, Исра Амати и Анастасија Пластовска од СУГС „Димитар Влахов“ под менторство на Ферихан Махмуд - Кека. Облеката е од продавницата Игралиште (Скопје), како и чантите од Main Days.

Мирјана Јосифоска е првиот македонски дизајнерски бренд за шапки, кој изработува софистицирани додатоци инспирирани од класична женска убавина. Мисијата на компанијата е да го намали текстилниот отпад преку одржлив дизајн и етичко производство во специјализирано студио во Тетово.

Модниот бренд пред две години ја промовираше првата колекција на шапки наречена The Seven.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе