НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Никола Јокиќ брилираше ноќеска против Лејкерс и го предводеше својот Денвер Нагетс до предност во првото коло од плеј-офот, но привлече големо внимание уште пред самиот натпревар.

Имено, тој на натпреварот дојде облечен како Гру, популарниот лик од анимираниот филм „Despicable Me“.

Јокиќ е промотор на четвртиот дел од легендарниот филм, а ги воодушеви сите фанови на Минионите кога се појави во истата облека и со голема пругаста марама околу вратот, како Гру.

URL

Веднаш откако Јокиќ влезе во салата облечен како Гру, се појави тизерот од филмот „Despicable Me 4“ во кој тој разговара со психотерапевт за проблемите со кои се соочува.

Имено, Минионите се убедени дека тој е нивниот шеф Гру, а тој залудно се обидува да ги разубеди.

Remote video URL

Инаку, во првиот натпревар од четвртфиналето на Западот, кошаркарите на Денвер го победија Лос Анџелес Лејкерс со 114:103, а Јокиќ постигна дабл-дабл со 32 поена, 12 скока и 7 асистенции.

Му помогнаа соиграчите Џамал Мареј со 22 поена, Мајкл Портер додаде 19, а Арон Гордон и Кентавиус Калдвел-Поуп по 12 поени.

Кај поразениот тим Ентони Дејвис постигна 32 поена, а Леброн Џејмс 27. Потфрли Д'Анџело Расел кој шутираше 6/20 од поле и 1/9 за три поени.

Remote video URL

Во другиот натпревар одигран во култниот „Медисон Сквер Гарден“ Њујорк Никс славеа во дуелот со Филаделфија 76ерс со 111:104. Џејлен Бренсон го предводеше својот тим до победата со 22 поена.

Исто толку поени, заедно со неколку клучни тројки во последниот дел, постигна и Џош Харт, но овојпат славата отиде кај резервистот Дис МекБрајд. Ова момче го заврши натпреварот со 21 поен, а реализираше 4 тројки.

Филаделфија ја предводеше Жоел Ембид со 29 поени.

Remote video URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кошарка

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Read more

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе