Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Џон Траволта и неговите колеги од сетот на Pulp Fiction, Семјуел Л. Џексон, Ума Турман и Харви Кајтел, се собраа минатата недела на TCM Classic Film Festival, каде ја прославија 30-годишнината од култниот филм на Квентин Тарантино.

За време на фестивалот, Траволта се присети на својата прва средба со Тарантино, која на крајот доведе до тоа да ја добие улогата на Винсент Вега во Pulp Fiction.

Remote video URL

Реномираниот актер изјави дека се сретнал со Тарантино во неговиот стан, каде што играле друштвени игри инспирирани од најголемите хитови на Траволта, како што е Saturday Night Fever. Со оглед на тоа што Тарантино беше нов режисер во тоа време, со само еден филм во портфолиото, Reservoir Dogs, Траволта решил да сподели некои финансиски совети со него.

„Помислив: ‘Во ред, не го познавам овој човек, но треба да откријам како стои финансиски’, рече Траволта, пренесува CBR. „Заедно ги разгледавме сите негови финансии во детали. Му реков: $Ти си нов уметник во моментов. Мораш да имаш некакви заштеди. Па кажи ми колку имаш заштедено.' Потоа поминав низ неговите финансии и сето тоа, а после тоа се чувствував малку подобро“.

Тој гест толку многу го импресионирал Тарантино што набрзо потоа му понудил на Траволта една од главните улоги во неговиот претстоен филм. Кога актерот го прашал зошто, Тарантино одговорил: „Имаш филозофски поглед на светот кој ми е потребен за тој лик. Сакам да размислува за сето она низ кое поминал“.

Pulp Fiction му ја спаси кариерата на Траволта

Иако беше еден од најбараните актери во 70-тите и 80-тите години, Траволта полека почна да паѓа во заборав во доцните 80-ти и раните 90-тите. Улогата во Pulp Fiction му беше понудена откако ја одбил Мајкл Медсен, првиот избор на Тарантино за улогата на Вега. Медсен работеше со Тарантино на Reservoir Dogs, но мораше да го одбие Pulp Fiction бидејќи работеше на вестернот Wyatt Earp во тоа време.

Pulp Fiction ја оживеа кариерата на Траволта и му донесе номинација за Оскар во категоријата најдобар актер. По успехот на филмот на Тарантино, тој се појави во хитовите Face/Off и Broken Arrow, во режија на Џон Ву.

Освен што го спаси Траволта, Pulp Fiction ги претвори Ума Турман и Семјуел Л. Џексон во глобални ѕвезди. Исто така му го донесе на Тарантино неговиот прв Оскар за најдобро оригинално сценарио и му помогна да достигне статус на еден од најбараните режисери во Холивуд.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе