Lamborghini Urus со 6 тркала е креација на South Florida Jeeps

Пред неколку месеци на интернет почнаа да кружат фотографии од црвено Lamborghini Urus кое претрпе драматична трансформација во возило 6x6, а сега јутјубери го снимија и изгледа речиси целосно завршено.

Mercedes-Benz G 63 AMG 6x6 го започна трендот 6x6 конверзии пред една деценија, кои се покажаа особено популарни меѓу купувачите на пикапи, а компаниите меѓу кои и Hennessey продаваат комплетни пакети за модели како Ford F-150 и Rama 1500.

Креатор на уникатниот Urus е компанијата South Florida Jeeps, која исто така стои зад моделот Apocalypse 6x6. Овој тим изгради неколку креации 6x6 во текот на годините врз основа на Jeep Wrangler, Ford Bronco, па дури и Land Rover Defender.

Remote video URL

Сепак, она што го истакнува Urus е фактот дека станува збор за многу скап модел, а сопственикот морал да одвои дополнителни пари за конверзија и да се помири со фактот дека модификациите не се реверзибилни, односно дека „нема назад“.

Откако беше првпат виден, Urus претрпе повеќе промени. Изгледа дека каросеријата е завршена, продолжувањето на линијата на покривот и задниот дел е дозволено за поставување на трета оска и две дополнителни тркала. Лаците на тркалата се малку пошироки во споредба со „обичниот“ Urus, а одзади сега има нов дифузер, лип спојлер и дополнителен спојлер на покривот.

Urus доби и комплет резервни блескави црни тркала, но засега не може со сигурност да се каже дали третата оска има погон или е само прашање на естетика.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе