Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Просечниот животен век на батеријата на еден смартфон е една до две години, а со правилна употреба може да се продолжи нејзината трајност.

Во продолжение, прочитајте што е мит, а што е вистина за полнењето на батеријата на смартфонот.

Не е добро да се користи телефонот додека се полни

Мит. Телефонот може да го користите кога сакате и колку сакате, сѐ додека не користите некој „сомнителен“ полнач. Единствен „проблем“ е што полнењето ќе трае подолго, но тоа е логично, нели?

Полнењето во текот на цела ноќ ја уништува батеријата

Вистина. Ок, делумно. Повеќето смартфони препознаваат кога им е полна батеријата и го прекинуваат полнењето. Сепак, не е добро да ви стои телефонот на полнач цела ноќ и тоа да се случува постојано. Батеријата ќе ви трае подолго ако го чувате телефонот на капацитет меѓу 40 и 80%.

Никогаш не го исклучувајте смартфонот

Мит. Иако е технолошки уред, и на телефонот му треба одмор. Ако не морате да бидете достапни цело време, одвреме-навреме исклучете го телефонот. Се препорачува тоа да го правите во текот на една ноќ еднаш неделно.

Подобро е да ја дополнувате бетеријата постојано, отколку секојпат да тргнувате „од нула“

Вистина. Литиум-јонските батерии што ги имаат повеќето современи смартфони подобро се држат кога се наполнети. Ако постојано ги „цедите“ до последна „цртка“ може да станат нестабилни.

Топлината ја уништува батеријата

Вистина. Батериите не трпат високи температури, а литиум-јонските батерии веќе доволно се загреваат со полнењето и работењето на смартфонот. И прекумерно ладното време и услови не се добри за батеријата, бидејќи во такви услови побрзо се празни.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Хардвер

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Read more

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе