(Не)очекувано – Надал се повлече од Индијан Велс

Денес во Индијан Велс стартува првиот Мастерс оваа сезона. Од турнирот пред неговиот почеток се повлече Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер сфати дека сѐ уште не е подготвен за толку тежок турнир како Индијан Велс, па реши да се повлече.

„Со голема тага морам да се повлечам од овој фантастичен турнир“, напиша Надал на социјалните мрежи. „Сите знаат колку го сакам ова место и колку сакам да се натпреварувам овде во Индијан Велс. Затоа дојдов во пустината толку рано да тренирам и да се обидам да бидам подготвен. Тренирав напорно и сите знаете дека направив проба минатиот викенд, но не се чувствувам подготвен да играм на моето максимално ниво на ваков важен турнир“.

Надал во неделата учествуваше на егзибицијата во Лас Вегас каде по квалитетна игра беше поразен од Карлос Алкарас во супер тај-брејк кој се играше наместо третиот сет. Спаси дури пет сет топки. Изгледаше дека е подготвен да се врати на теренот, но само три дена подоцна дозна дека не е.

Местото на Надал во главната жрепка го зазеде Индиецот Самит Нагал, а прв противник му е Милош Раониќ.

Рафа не ги откри натамошните планови, но може да се претпостави дека ќе се подготвува за сезоната на земјена подлога која започнува во април. Мастерсот во Мајами, кој се игра по Индијан Велс, секако не беше во неговите планови.

Надал годинава одигра само еден турнир и тоа во Бризбејн, каде по две убедливи победи во четвртфиналето беше поразен од Австралиецот Џордан Томпсон по тричасовен маратон. Потоа го откажа учеството на Австралија опен, а три недели подоцна се полече и од турнирот во Доха.

Пред да дојде во Бризбејн, Надал немаше играно 11 месеци, од минатогодишниот Грен слем во Мелбурн. Следната станица веројатно би требало да му биде Мастерсот во Монте Карло, кој започнува на 7 април.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за репрезентација

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе