Објавено е во кој италијански град ќе се одржи следниот Евросонг

Европската радиодифузна унија (EBU) вчера потврди дека 66-тото издание на Евросонг ќе се одржи во Палата Алпитур во Торино.

На официјалната Instagram страница на Евровизија беше објавено дека натпреварот ќе се одржи од 10 до 14 мај 2022 година.

„Со задоволство го најавуваме Торино како домаќин на следното издание на Евросонг, меѓународен фестивал сакан од голема публика во секоја земја. Изборот на RAI, заедно со EBU, не беше лесен поради солидните предлози од други градови, на кои им благодарам за нивното ентузијастичко учество. Денес, започнува возбудливо патување за RAI и Торино, кое ќе нѐ одведе до мај 2022 година. Тоа е голем предизвик за RAI и за нашата земја“, изјави извршниот директор на RAI, Карло Фуортес, за италијанските медиуми.

 

Торино ќе биде третиот италијански град што ќе биде домаќин на Евровизија, по Неапол (1965) и Рим (1991).

Патем, градовите што се натпреваруваа со Торино за домаќин на Евровизија беа Болоња, Милано, Пезаро, Римини.

Групата „Манескин“ победи на Евровизија оваа година и го донесе натпреварот во Италија.

Remote video URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Музика

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

По петгодишна пауза се активира Plavi orkestar

Read more

Јавно распоредување - неофицијалната комунистичка химна на Источна Германија

Read more

Човекот обвинет за убиството на Тупак Шакур за прв пат се појави на суд

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе
  • play_arrow

По петгодишна пауза се активира Plavi orkestar

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација - машки против женски

Читај повеќе
  • play_arrow

Питбул vs. Чивава

Читај повеќе
  • play_arrow

Како туната од морските длабочини стигнува до нашите чинии?

Читај повеќе
  • play_arrow

Идиоти ширум Европа - фејл компилација

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавно распоредување - неофицијалната комунистичка химна на Источна Германија

Читај повеќе