Кајгана Огласи
Нов Оглас
Оглас
Тип на оглас *
Рубрика *
Цена
пр. 1000, 25000, 55256...
Содржина на Огласот *
(Max. карактери.)
Слика за огласот
Слика 1
Слика 2
Слика 3
важно: максималната тежина на една слика може да биде 300KB,
во спротивно, сликата нема да се појави на твојот оглас.
Податоци за контакт
Телефон за контакт
E-mail
Град *
Времетраење
Времетраење на огласот (денови) *
Услови за користење
Правила и услови за користење на Кајгана Огласник
Последна промена: 22.09.2008

Kaјгана Огласник е дел од порталот Кајгана. Корисниците на Кајгана Огласник со самата негова посета се согласни со правилата кои се наведени овде, и кои произлегуваат од важечките регулативи. Кајгана Огласник го задржува правото на промена и дополнување на правилата и условите на користење без претходна најава. Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата и условите на користење, па затоа се смета дека корисниците на Кајгана Огласник во секое време се запознаени со правилата и условите за користење и дека ги разбираат во целост. Кајгана Огласник е создаден со добра намера кон неговите корисници, а корисниците имаат право на негово бесплатно користење доколку не ги кршат правилата и условите на користење. Со користењето на Кајгана Огласник, корисниците ги прифаќаат условите кои се наведени подолу.

Употреба на податоци

При користењето на Кајгана Огласник, секој корисник е должен да обезбеди целосна вистинитост и точност на податоците кои ги дава при поставувањето на огласите. Со користењето на Кајгана Огласник, секој корисник е согласен и свесен дека податоците кои ги внесува по своја волја се јавно достапни на увид на сите заинтересирани за огласот кој корисникот го поставува. За податоците кои се јавно достапни и објавени од огласувачите, односно од корисниците, Кајгана Огласник не може да превземе никаква одговорност.

Огласување

Со поставувањето на огласот на Кајгана Огласник, корисникот односно огласувачот е согласен јавно да се објави информацијата на Кајгана Огласник. Кајгана Огласник го задржува правото на бришење на огласи во секое време и без претходна најава доколку:

- содржината на огласот е нецелосна и/или неточна
- огласот не е поставен во соодветна рубрика
- огласот е навредлив и дискриминирачки
- огласот е сомнителен
- огласот нуди нелегални производи/услуги
- се огласуваат лекови
- се огласуваат украдени предмети
- се огласуваат предмети со чија продажба се кршат авторските и/или сродните права, како и правата на интелектуална сопственост на трети лица, нелегални копии на филмови, музика, софтвер и останати предмети чија продажба претставува кршење на законските прописи
- содржината на огласот има за цел директна или индиректна промоција на правни лица
- содржината има за цел директна или индиректна промоција на веб страна
- огласот содржи адреса на веб страна

Корисникот, односно огласувачот е согласен неговиот оглас да биде избришан доколку не е според правилата за користење на Кајгана Огласник. Огласувачот е согласен и дека:

- нема да поставува лажни и неточни информации, и информации кои можат да нанесат штета на трети лица
- нема да поставува огласи кои кршат авторски и сродни права
- нема да испраќаат скриени, кодирани и пораки со малициозна содржина
- нема еден оглас да го внесуваат повеќе пати
- купопродажбата се одвива исклучиво помеѓу продавачот и купувачот. Кајгана Огласник во ниту еден дел не учествува во продажбата на предметите/услугите, освен во смисла на нудење на услугата за огласување. Корисниците на Кајгана Огласник се согласни сите контакти со другите корисници да се одвиваат исклучиво на нивен ризик и се свесни дека Кајгана Огласник не гарантира, ниту ја прифаќа одговорноста за било кој предмет/услуга кој е прикажан или продаден на Кајгана Огласник, ниту има одговорност или обврска за било какви последици кои можат да настанат од нивното прикажување или продавање, како и точноста и вистинитоста на описот користен во било кој оглас поставен од корисниците - огласувачи.

Ограничување од одговорност и гаранции

Кајгана Огласник не може да дава никакви индиректни или директни гаранции за содржината на информациите, сигурноста и точноста на огласите кои ќе ги објават корисниците на Кајгана Огласник, ниту пак може да гарантира за достапноста на Кајгана Огласник.

Кајгана Огласник не може да сноси никаква одговорност за било која содржина која е прикажана на страницата која е поставена од корисниците и прикажана на трети лица, како и било каква индиректна, директна или случајна штета или загуба која може да настане од тоа, ниту пак може да одговара за производите и/или услугите до кои е дојдено преку Кајгана Огласник.

Доколку забележите оглас со кој некој од корисниците на Кајгана огласи врши нарушување на авторски права, злоупотреба, или оглас кој ги нарушува правилата и условите за користење на Кајгана Огласник, известете не на contact@kajgana.com за да го отстраниме огласот.

Откако администраторот на Кајгана Огласник ќе забележи содржини на огласи кои се против правилата на Кајгана Огласник, или ќе добие приговор од друг корисник, истите ќе бидат остранети не подоцна од 48 часа од датумот на приговор.

Приватност

При вашата посета на порталот Кајгана како и на неговиот сервис Кајгана Огласник, серверот автоматски ја бележи IP адресата на посетителот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал и сервисот Кајгана Огласник, а крајната цел е анализа со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

Кајгана нема да ги продава или објавува на трети лица овие податоци и се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити, но Кајгана не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашиот сервер. Во случај на законска обврска или истражна постапка, со судски налог Кајгана може да ги сподели информациите кои ги има со државните органи. Во случај на загрозување на безбедноста на нашиот сервер и негова злоупотреба, како и во случај на неовластен упад во нашиот систем, Кајгана може самоиницијативно да ги разоткрие и даде на увид податоците за кои смета дека им се потребни на државните органи за да ја помогне истражната постапка.

  

АВТОМОБИЛ
МОДЕЛ
ГРАД
ГОДИНА ОД ДО
ПОМИНАТИ KM ДО
ТИП НА ГОРИВО
БРОЈ НА ВРАТИ
КАТЕГОРИЈА
ТИП ОГЛАС
ГРАД
КАЈГАНА ОГЛАСИ © 2008