Вчера во 10:43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул. „Столарска“ во Битола, патничко моторно возило Opel Corsa со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј. (53) од Битола.
Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.