По Harley-Davidson, и Ducati ќе претстави електричен мотоцикл

Легендарниот италијански производител на мотоцикли потврди дека ќе се приклучи на трендот и дека наскоро ќе претстави нов електричен мотоцикл. Од Ducati беше најавено и дека веќе почнале да работат на моделот, кој ќе биде базиран на концептот Ducati Zerо.

Кога Harley-Davidson можеше да го прифати трендот на електрични возила, зошто да не може да го направи и Ducati?

Италијанската компанија ќе го претстави новиот електричен модел, базиран на претходно претставениот концепт Ducati Zero. Според зборовите на генералниот директор на компанијата, Клаудио Доменикали, електричниот мотоцикл ќе биде претставен наскоро, со тоа што се чека вистинскиот момент за неговата промоција.

„Иднината е електрична, а ние не сме далеку од почнување на сериско производство на мотоцикли со таа технологија“, изјави Доменикали.

Ова не е првпат за Ducati да биде споменат во иста реченица со електричната технологија. Уште во 2017 година шефот на нивниот оддел за западна Европа говореше за плановите на овој производител да направи електричен скутер и мотоцикл. Тогаш беше нагласено дека сериското производство ќе започне во 2021 година.

Во Ducati беа разработени повеќе модели изминатите две години, а заедно со Политехничкиот факултет за дизајн во Милано беше претставен футуристичкиот концепт Ducati Zero, кој веројатно ќе биде основа за новиот електричен мотоцикл.

реклама

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Read more

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Read more

Скопје за време на Прва светска војна

Read more

Мотори

Прекрасниот скутер на Honda се врати и е електрифициран за XXI век

Read more

Harley-Davidson откри важен датум

Read more

AMB 001 Pro е новиот мотоцикл на Aston Martin

Read more

Ducati го претстави својот прв електричен мотоцикл

Read more
 

Автомобили

Двојно поголеми се шансите пешак да го удри електричен отколку автомобил со SUS мотор

Читај повеќе

Lamborghini го повлекува Urus: Хаубата може да се откачи при големи брзини

Читај повеќе

Volvo има нов адут: Робо-камион

Читај повеќе

Продажба на автомобили во ЕУ: Дизел и електричните автомобили се речиси изедначени

Читај повеќе

Кинезите не попуштаат: Има ли надеж за поевтини европски електрични автомобили?

Читај повеќе

САД и Кина во трговска војна, Европа губи

Читај повеќе

Самоуправувачките автомобили на британските патишта од 2026 година

Читај повеќе

Која е функцијата на малите капаци кај новите автомобили?

Читај повеќе

Кои грешки најчесто ги правиме при складирање на зимските гуми?

Читај повеќе