Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Ракус, мажјак од видот суматрански орангутан, се здоби со рана на лицето под десното око во борба со друг мажјак во Истражувачкиот центар Суак Балимбинг во заштитена прашумска област во Индонезија.

Она што го направи Ракус неколку дена подоцна го привлече вниманието на научниците, но и на љубителите на природата и животните.

Истражувачите велат дека забележале како Ракус ја лекува отворената рана на лицето со сок и џвакани листови од растение за кое е познато дека има антивоспалителни и аналгетски својства. Раната се затвори и зарасна за еден месец.

Ова е првпат животно во дивината да се види како лекува повреда користејќи билки.

„Колку што знаеме, ова е прв документиран случај на диви животни кои активно лекуваат рани со растителен вид со лековити својства“, рече вишиот автор на студијата Каролина Шупли, еволутивен биолог при Институтот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Истражувачите рекоа дека самолечењето на орангутанот не изгледало како случајност.

„Се чинеше дека неговото однесување е намерно. Тој селективно ја третираше раната на десната страна на лицето со растителен сок и не ги третираше другите делови од телото. Однесувањето се повтори неколкупати, а подоцна нанесе и појак растителен материјал додека раната не беше целосно покриена“, објасни истражувачката Изабел Лаумер.

Орангутаните припаѓаат на групата големи мајмуни, заедно со шимпанзата, горилите и бонобоите. Орангутаните се најмалку поврзани со луѓето, но сепак споделуваат приближно 97 проценти од нивната ДНК.

Научниците велат дека таквото однесување можеби потекнува од заеднички предок што го делат луѓето и големите мајмуни.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе