Ракометарките на Ѓорче Петров со поддршката од Клиника Жан Митрев ќе играат за пласман во полуфинале

Ракометарките на Ѓорче Петров, по успешното совладување на чешкиот тим Кинжварт се пласираа во четвртфиналето во Европскиот куп. На денешната прес-конференција, младите ракометарки рекоа дека не се задоволуваат само со место меѓу осумте најдобри и одат кон реализација на поголеми амбиции.

Следната желба е пласман во финалето во третото по квалитет европско натпреварување во женска конкуренција.

„На почетокот на сезоната тргнавме со цел да го надминеме ланскиот пласман во осминафиналето, во што и успеавме, но мотивирани сме да направиме уште поголем успех – пласман во полуфиналето или во финалето. Се надеваме дека следната година ќе играме во Европската лига, па наскоро и во Лига на шампиони“, вели Ангела Цветановска.

Тренерот Симе Симовски, вели дека ракометарките и тактички и технички може да играат за повисок резултат.

„Нема да застанеме тука, иако и ова е голем успех. Не знаеме со кого ќе играме во следно коло, но не запираме тука, продолжуваме со работа и со надградбата. Овие девојки кои се борат за Ѓорче Петров се заборавени од некои структури, но тука покажуваат дека тактички и технички може да играат на високо ниво. Без разлика што ова е трето по ранг натпреварување, нас пласманот во топ 8 многу ни значи“, изјави Симовски.

Според Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт во Клиника „Жан Митрев“ и официјален физиотерапевт на ЖРК Ѓорче Петров, тие покажаа одличен ракомет:

„Физичката подготвеност на ракометарките е добра, нивната состојба се следи мултидисциплинарно и во тоа се вклучени сите специјалисти од болницата. Нивната состојба се следи и со повремени целосни прегледи, при подготовка пред натпревари, а тимот од Клиника 'Жан Митрев' е поддршка и за време на натпреварите. Сега следи рехабилитација и подготовка за следните натпревари“, истакна Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт во Клиника „Жан Митрев“ и официјален физиотерапевт на ЖРК Ѓорче Петров.

Следните можни противници на Ѓорче Петров на патот кон полуфиналето во Европскиот куп може да биде некоја од екипите на Гранољерс, Елче, Гран Канарија (Шпанија), Михаловце (Словачка), Венло (Холандија), Бенфика (Португалија) и Јаликавакспор (Турција).

Клиника „Жан Митрев“ е медицинскиот партнер на македонскиот шампион Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров при што се грижи за здравјето и за подобрување на перформансите на ракометарките. За физичката и кондиционата подготвеност на ракометарките на располагање им се најсовремените техники, апаратура, целосниот тим доктори специјалисти и долгогодишно искуство на тимот од Клиника „Жан Митрев“, сѐ со цел остварување на уште подобри резултати на натпреварувањата.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе