Се запали Boeing 737 полн со патници

Четири лица се тешко повредени, а 11 се полесно повредени денеска откако патнички авион на Air Senegal излета од пистата при полетување на меѓународниот аеродром кај Дакар.

За време на несреќата во авионот имало 78 патници, соопштено е од аеродромот кој бил привремено затворен.

Во тек е истрага за причините за несреќата, која се случила во 1 часот по локално време, јавува Reuters.

На снимката се гледа авионот прекриен со пена за гаснење пожар на аеродромот во Сенегал.

При слетувањето наводно се запалиле левото крило и моторот, а се работи за авион Boeing 737.

URL

Инцидентот се случи еден ден откако беше објавено видео од Турција кога авион Boeing исто така се обиде да изврши принудно слетување, удри во пистата и го изгреба носот на бетонот.

Се огласи „свиркач“ од компанијата Boeing

„Свиркачот“ Сантијаго Паредес од Boeing, кој работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време беше кога ќе се случи нешто лошо“, мислејќи на серијата дефекти на авионите на компанијата во изминатиот период.

Паредес работел 10 години во фабриката Spirit Aerosystems во американската сојузна држава Канзас, каде што ја проверувал исправноста на труповите на авионите Boeing 737 пред да бидат испратени во Boeing, пренесува CBS News.

„Да беше квалитетот важен, јас сè уште ќе бев во Spirit. Многу ретко беше да не најдеме дефект“, рече Паредес, додавајќи дека менаџерите за квалитет често наоѓале дефекти на авионот на кој му падна вратата за време на лет во јануари.

„Зошто се случи ова? Затоа што Spirit не обрнуваше внимание на дефектите поради притисокот врз инспекторите. Да беше добра деловната култура, овие дефекти ќе беа споменати“, рече Паредес.

Тој истакна дека Boeing со години знаел дека Spirit испорачува трупови со дефекти и дека „само прашање на време беше кога ќе се случи нешто лошо“.

Според него, Паредес бил под постојан притисок од претпоставените да пријави што помалку дефекти, додавајќи дека притисоците нагло се зголемиле во 2018 година, кога производството на трупови се зголемило од 30 месечно на 50.

„Секогаш велеа дека немаат време да ги поправат грешките. Бев во позиција ако кажам ‘не’ да ме отпуштат. Ако кажам ‘да’, признавам дека ќе направам нешто погрешно“, рече Паредес.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе