Вчера во 15:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Босна и Херцеговина“ со ул. „Александар Урдаревски“ и ул. „Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило Opel Meriva, управувано од Ш.С. (38) од с. Брест, Скопско, патничко возило FIAT 500, управувано од М.Ц. (25) од с. Кучевиште, Скопско и патничко возило Volkswagen Touran, управувано од З.З. (66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М. (31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.