Со доаѓањето на Firefox 3, Моzilla сака да постави светски рекорд во најголем број даунлодиран софтвер во еден ден. Затоа, ја повикаа целата глобална заедница на нивни корисници да ја даунлодираат новата верзија на нивниот популарен прелистувач на денот кога Firefox 3 ќе се појави на пазарот.
Портпаролот на Mozilla изјави дека компанијата е во преговори со претставниците на Гинисовата книга на рекорди кои би требало да го забележат овој рекорд, иако моментално не постои ваква категорија во книгата.
Инаку, оваа компанија пред две недели издаде пробна верзија на прелистувачот, а конечната верзија на Firefox 3 се очекува во текот на јуни.
Петок, 30.05.2008