Шоубизнис

» поопширно



Почина Ив Сен Лорен

Еден од најлегендарните и највлијателните модни креатори почина синоќа во Париз по долго и тешко боледување, на 71 година.

Ив Сен Лорен, роден во 1936 во алжирскиот град Оран, беше еден од најважните модни креатори на 20. век кој донесе нова слобода во облекувањето кај жените.

Модната кариера ја започна во Париз, каде набргу стана соработник на Кристиан Диор, а потоа и негов наследник во 1957 година, кога имаше само 21 година. Пет години подоцна ја напушти модната куќа Диор и отвори сопствена модна куќа.

Во средината на шеесеттите ја дизајнираше луксузната "прет-а-порте" линија на женска облека. На врвот на успехот, во седумдесеттите, дизајнираше и облека за деца, модни додатоци и машки и женски парфеми.

Кариерата ја прекина во 2002, а за својата работа е одликуван и со орденот Легија на честа.

 

 

Понеделник, 02.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1078.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com