Шоубизнис

» поопширно



Св. Луција

Островот Св. Луција важи за најубавиот остров на Карибите. Всушност, пореално би било кога би кажале дека тој е најубавиот остров на светот.

Лоциран на Карибите, северно од Тринидад и Тобаго, со должина од 44 и ширина од 22 километри, зафаќа површина од 616 квадратни километри. Атлантскиот океан го бакнува неговиот источен брег, додека плажите на западниот брег, својата убавина му ја должат на смиреното Карибиско море.

Климата на Св. Луција е тропска, проследена со умерени северно - источни ветрови. Од јануари до април трае сувата сезона, а дождливата од мај до август.Островот е главно вулкански и планински, но има и широки и плодни долини. Населението на островот брои 157.862 жители, од кои една третина живеат во главниот град Кастриес.

Првите жители на Св. Луција биле Индијанците, кои подоцна биле протерани од островот од Карибијците. Истражуван од Шпанците, а потоа и од Французите, на крај станал Британска територија во 1814 година. Островот конечно се стекнал со независност од Британија, дури во 1979 година. Денес, официјалниот јазик на островот е англискиот, иако и францускиот дијалект е доста застапен.

Со својата природна убавина, Св. Луција изгледа како остров тргнат од јужниот Пацифик и сместен на Карибите. Неговите драматични крајбрежни врвови - Питоните, се извишуваат на 2.000 стапки над морето, заштитувајќи ги волшебните дождовни шуми, каде дивите орхидеи, џиновските папрати и птиците од рајот спокојно живеат.

Островот Св. Луција е населен долго пред колонијалните времиња, а неговите културни богатства се фасцинантни мешавини од неговото богато минато и неговите многубројни и различни традиции. Островските луѓе имаат добра репутација која ја имаат заслужено со нивната топлина и шарм.

Широка палета од возбудливи и егзотични активности е достапна на овој рајски остров. Неверојатното крајбрежје и прекрасните гребени нудат одлична забава при дозволеното нуркање. Островот исто така поседува извонредни места за голф, тенис, пловење и е домаќин на уште доста други слободни активности.

За така мал остров, Св. Луција нуди голема разновидност од првокласни кујни и има доста Европски и Интернационални ресторани.

Но, и покрај сите овие убавини, на овој архетипско островски рај бананите се сеуште поголем бизнис од туризмот.

 

 

Даница Ангеловска | Кајгана
Среда, 04.06.2008

 

http://www.kajgana.com/statija_1123.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com