По месеци шпекулации, HTC конечно официјално го претстави својот уред кој досега беше познат под кодното име Raphael. Финалното име е HTC Touch Pro, а спецификациите се импресивни.
Доколку ви треба паметен телефон базиран на Windows Mobile оперативниот систем, HTC Touch Pro моментално нуди највеќе. Одиме по ред: дисплеј на допир со дијагонала од 2.8 инчи, кој го користи познатиот ТоuchFLO тродимензионален кориснички интерфејс на HTC, a доколку и ова не ви е доволно, може да ја користите целосната QWERTY тастатура која се извлекува од долната страна на уредот.
Камерата е со резолуција од 3.2 мегапиксели, уредот има пола гигабајт ROM меморија, како и 288 MB RAM. Поддржува Wi-Fi/3G/HSDPA и EDGE. Всушност, единствениот недостаток му е вграден GPS.
Но, оваа опременост HTC Touch Pro ја плати со своите димензии - со 18,05 mm дебелина, нема да го собере во било чиј џеб.

Четврток, 05.06.2008