Запознајте го Курт Венер, човекот кој има способност да ви го замати умот додека релаксирано шетате по некоја уличка. Погледнете ги овие прекрасни 3D декорации.

Станува збор за уметник и архитект, кој меѓу другите супер забавни работи со кои се занимава, одлучил да ја продолжи традицијата започната во 17 век во Италија од тогашните "Madonnari" - луѓе кои често заработувале единствено од цртање на слики по италијанските плоштади. Наречени се Madonnari, бидејќи во тоа време особено популарно било цртањето на ликот на Дева Маријаили - Madonna на италијански.
Курт Венер е малку поинвентивен, па кога ја започнал работава во 80-те години, одлучил да вметне нови материјали при цртањето (кои би спречиле некој ненадеен дожд да му го уништи трудот), како и најинтересниот момент - тродимензионалноста која на уличното цртање му дава една нова димензија, прави навистина феноменални ефекти и инспирира уметници од целиот свет.
Еве еден дел од портфолиото на Венер, односно делата кои ги прави по нарачка на познати светски компании и брендови.








Понеделник, 09.06.2008
Богдан Илиевски | Кајгана