Камасутра на санскритски значи - поврзаност во ѓерданот на љубовта. За многумина, Камасутра е вештина на сексуални акробации и ретко кој се осмелува многубројните пози да ги примени во играта со својата сексуална партнерка. Ногата овде, раката таму, главата на страна, рамената позади, задникот горе, градите долу - информацијата за секакви превиткувања е доволно за човек да изгуби желба за секс.
Меѓутоа, ако работите ги погледнете од друга страна, тогаш оваа вештина е голем предизвик. Навистина, бара многу вежби и труд, развиена фантазија, но и потреба и можност да осмислите сопствено сценарио, да измислите сопствена поза и на крај (но не и најмалку важно) да уживате во сексот. Значи, упатствата од Камасутра не е лошо да ги пробате пред да се збогувате од сексот поради годините.
Не треба да заборавите дека Камасутра е напишана пред илјада и петстотини години. Таа претставува купче правила и упатства кои љубовниците треба да ги исполнат во љубовниот чин. Само една петтина се однесуваат на позите, останатото се упатства.
Најлесен начин да преминете на работата: потенцијалните вежби обележете ги со бројки, а потоа подгответе доволно ливчиња на кои ќе ги испишете бројките. Потоа, свитканите ливчиња фрлете ги во чинија и заедно со партнерката почнете да извлекувате. Пуштете ја нејзе да одбере прва - не само што е џентлменски, туку целата работа ќе оди поприродно ако се изгледа како нејзин избор.
Имајте на ум дека пред почетокот на играта треба да ги тргнете сите работи кои се наоѓаат во вашата непосредна околина, а кои би можеле да ја прекинат страста. Во најжешките моменти човек не може да мисли на вазните со цвеќе или ламбите. Со други зборови, кога е камасутра во прашање, заборавете на кревет. Најдобро е на уживањето да му се препуштите на под, бидејќи не можете да паднете од него.
Тешко дека се што сте замислиле може веднаш да ви оди од рака, но не губете надеж, продолжете со тренинг и сексуалните вештини преточете ги од теорија во пракса.
Адријана Митровиќ | Кајгана
Понеделник, 09.06.2008