Користењето на мобилни телефони е забрането на одредени места. Но, бидејќи на многумина не им е баш гајле за ваквата одредба, Microsoft планира да им стави крај со сопствена технологија.
Најновиот изум на Microsoft е наречен Device Manners Policy (DMP), a доколку заживее комерцијално, оваа технологија би требало да овозможи автоматско исклучување на одредени можности кај мобилните телефони, дигиталните фотоапарати и слични уреди.
Начинот на кој Microsoft планира да го изведе ова во пракса не е баш најјасен. За DMP да заживее, потребно ќе биде уредите да поседуваат одредена вградена компонента која ќе комуницира со овој систем, а малку е варојатно дека производителите би се одлучиле на ваков чекор.
Како и да е, Aмериканското биро за патенти му го одобри патентот на Microsoft, а деталите можете да ги прочитате тука.