Шоубизнис

» поопширно



Кој сака да биде травестит?

Oткако Раул Кастро во Куба воведе низа реформи кои неговиот брат Фидел ги дочека со мрштење, од најновата ќе му се спојат жичките: Раул одобри и операции за промена на полот - бесплатно.

Најновата во низата реформи кои ги воведе Рал Кастро откако го наследи неговиот постар брат на функцијата претседател, ќе им овозможи на КУбанците бесплатна промена на полот.

Министерот за здравство Хозе Балагуер веќе го потпиша документот со кој се одобруваат овој тип на операции. Операциите ќе ги врши специјална клиника, а барања за промена на полот веќе поднеле 28 Кубанци.

На чело на Кубанскиот центар за сексуален развој моментално се наоѓа Мариела Кастро, ќерката на Раул Кастро, која ја поддржува политиката на нејзиниот татко (или тој ја поддржува нејзината?).

Инаку, првата операција за промена на полот во Куба е извршена во 1988 година, а потоа операциите за промена на полот беа забранети поради негодување на јавноста (читај - на Фидел Кастро).

http://www.kajgana.com/statija_1225.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com