Шоубизнис

» поопширно



Гугл, за човештвото

На Гугл му е доделена награда од 50.000 евра и скулптура од шпанскиот уметник Хуан Миро за придонес во комуникациите и хуманистичките науки, соопшти фондацијата на принцот Филип од Астурија.

Во соопштението на фондацијата која секоја година доделува награди за научни достигнувања, уметност, спорт и литература, с енаведува дека Гугл придонел за културната еволуција на човештвото, овозможувајќи брз пристап до најразлични информации на интернет, но и кон демократскиот пристап до знаењето, надминувајќи ги идеолошките, економските, лингвистичките и расистичките бариери кои сеуште успеваат да опстанат и во 21-от век.

Доделувањето на наградата која ја врачува наследникот на шпанската круна, принцот Филип, се одржува секоја година во Овиедо, главниот град на автономната шпанска покраина Астурија, која била еден од главните центри на шпанската ренесанса во 18-от и индустриската револуција во 19-от век, а од 1934 година центар на социјалистичката република за време на Шпанската граѓанска војна.

 

 

Четврток, 12.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1295.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com