По Ејми Вајнхаус и Бијонси, како најизгледна кандидатка за пеење на воведната песна во новиот Џејмс Бонд се спомнува Леона Луис, победничката на британското талент шоу.
Младата победничка на британското талент шоу X Factor со својот сингл Bleeding Love ги освои топ листите низ Европа, но и САД.
Како што тврди The Sun, продуцентите веруваат дека Леона е идеалниот избор за пеење на воведната тема за Quantum Оf Solace. Како што тврди The Sun, продуцентите веруваат дека Леона е идеалниот избор за пеење на воведната тема за Quantum Оf Solace, еден од ретките кандидати кој и одговара на публиката од двете страни на "барата", а покрај тоа има и одличен глас.
Долго се шпекулираше дека во новиот Бонд ќе пее Ејми Вајнхаус, но поради приватните проблеми на пејачката, бизнисот пропадна.
понеделник, 16.06.2008