Шоубизнис

» поопширно



Пол Макартни на концерт во Киев

Некогашниот Битлс одржа голем хуманитарен концерт на плоштадот на независноста во Киев, каде и покрај лошите временски услови се собраа неколку десетици илјади обожаватели.

Концертот на Макартни на отворено е најголемиот кој некогаш се случил во Украина, а во живо го пренесуваше и украинската национална телевизија.

За публиката, концертот беше бесплатен, но 600.000 долари собрани од донации ќе бидат донирани за набавка на дијагностичка опрема за детскиот оддел во Државниот институт за тумори во Украина.

Пол го започна концертот со "Drive my car", за потоа да продолжи со серија песни на Битлси, меѓу кои и "Hey Jude", "Let it be", "Back in the USSR", "Penny Lane". Ja изведе и "A day in life" која му ја посвети на Џон Ленон, а концертот заврши со "Yesterday".

Пред концертот, обожавателите со воодушевување го поздравуваа низ улиците на Киев.

 

понеделник, 16.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1329.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com