Братот на поп кралицата Мадона набргу ќе започне со пишување на биографска книга за својата позната сестра.
За таа цел, Кристофер Чиконе, неодамна потпиша договор со издавачите Симон и Шустер, а постигна договор и со Венди Леј, која е одговорна за пишување на биографиите на познатите ѕвезди како Лајза Минели, Грејс Кели и Арнолд Шварценегер.
“Животот со мојата сестра Мадона” ќе се вика делото на Кристофер, а планирано е да се отпечати во 350.000 примероци.
Мадона и претходно има соработувано со својот брат, кој работел на нејзиниот документарец и бил режисер на една од нејзините турнеи.
Освен Мадона и други познати ѕвезди како Џенифер Анистон и Дејвид Бекам имаат свои биографии кои се напишани од член на нивното семејство.
Димитар Митев | Kajгана
вторник, 17.06.2008