Легендарната група Пинк Флојд, преку аукција која е организирана за добротворни цели, ќе продаде една од своите гитари.
Инструментот “Fender Stratocaster” е декориран од страна на Џералд Скарф, човекот кој кој го дизајнираше омотот на револуционерниот албум “Тhe Wall”, а е потпишан од страна на сите членови на бендот вклучувајќи го легендарниот гитарист Дејвид Гилмор.
Со гитарата ќе следува и примерок од “The Wall” лично потпишан од Скарф.
Средствата собрани од аукцијата која ќе се одржи на www.buyoncegivetwice.co.uk, ќе бидат испратени на организација која помага на бездомните лица во Британија.

Димитар Митев | Кајгана
среда, 18.06.2008