Американците ги обвинија Кинезите дека им ги хакнале компјутерите во Конгресот. Кинезите иронично го отфрлаат обвинувањето со изговор дека нивната земја не е способна за толку софистициран сајбер криминал.
Обвинувањата кон Кина во јавноста први ги пласираа Френк Вулф и Крис Смит од американскиот Конгрес, кои и од претходно се познати по своетокритикување на Кина, напоменувајќи дека во хакнатите компјутери имало информации за политички дисиденти.
Инаку, минатиот месец од Пентагон објавија дека нивната компјутерска мрежа е скенирана или нападната повеќе од 300 милиони пати на ден.
Портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина Кин Ганг ги отфрли обвинувањата на Американците со изговор дека Кинезите не се способни за такво нешто, ниту пак имаат таква напредна технологија, демантирајќи ги и тврдењата дека кинеската влада плаќа хакери за сајбер напади врз други земји.
среда, 18.06.2008