Прага, главниот град на Чешка изобилува со возбудлива историја, фасцинантни глетки, забави како и гостопримливост на неговите граѓани. Најпрепознатливиот дел од овој град е секако неговиот волшебен и главен плоштад лоциран помеѓу плоштадот Венкеслас и мостот Чарлс.
Со првите чекори на Плоштадот на Стариот Град во Прага, ќе почувствувате како да се враќате назад во времето за околу 600 - 700 години. Со старата архитектура и прекрасните цркви, тој е еден од најубавите историски глетки во Европа. Уште во раниот 12-ти век, никнал како централен пазар во Прага. Во наредните неколку векови, многу згради од романскиот, барокниот и готскиот стил се изградиле околу пазарот, секоја од нив носејќи своја приказна, богати трговци и интрига. Овој плоштад се спомнува во многу значајни настани во историјата на овој град.

Најинтересните локации на Плоштадот на Стариот Град се Црквата на Нашата Господарка, Салата на Стариот Град со Астрономскиот Часовник и Црквата Св. Никола. Во центарот на Плоштадот се наоѓа статуата на реформаторот Јан Хус, изградена во 1915 година, со цел да означи 500 години од неговата смрт.

Денес, Салата на Стариот Град во Прага претставува само мал дел од големиот комплекс на згради, кои датираат од 13-от до средината на 20-от век. Таа е изградена во 1338-та година и е видлив симбол на автономијата на градот, откако кралот Џон од Луксембург им одобрил на граѓаните од Прага да имаат свој локален градски совет.
Луѓето од Стариот Град ја купиле куќата Волфин на самиот агол на плоштадот, за да претставува темел на Халата, а потоа други делови биле купени и додадени. Во средината на 14-от век, била додадена кула висока 70 метри. Подоцна, на кулата бил поставен астролошки часовник, како и статуа на Богородица во 1380-та година, која се наоѓа на самиот аголот на плоштадот.
Во 15-от век Градската Сала била проширена и реконструирана во готски стил. Јужната страна на Салата завршува со ренесансната куќа “Во моментот”, која била изградена во 1610-та година, а нејзината фасада била декорирана со орнаментални графити. Фамилијата на Франц Кафка живеела на вториот спрат на оваа зграда од 1889-та до 1896-та година.
Во 19-от век било додадено источно крило со неоготски стил, за да биде уништено на крајот од втората светска војна. Кулата на Стариот Град во Прага е отворена за јавноста преку цела недела, а на неа посетителите до врвот се искачуваат со лифт, од каде можат да доживеат прекрасна глетка над целиот град.
Зашеметувачката црква Св. Никола, која се наоѓа на Плоштадот на Стариот Град била дизајнирана од Килиан Игназ и комплетирана во 1735-та година. Таа ја заменила поранешната општинска црква, која била изградена дури во 1273-та година.

Св. Никола е барокна црква, декорирана со скулптури од Антоин Браун. Таа е волшебна градба и е главен објект за концертите на класична мизука во Прага.
Даница Алгеловска | Кајгана
четврток, 19.06.2008