Шоубизнис

» поопширно



Sony Ericsson С905

Sony Ericsson претстави нов слајдер кој може да се пофали со камера од дури 8.1 мегапиксели резолуција, поддршка за GPS, Wi-Fi мрежи, стерео Bluetooth и поддршка за HSDPA пренос на податоци.

Sony Ericsson С905 има димензии од 104 х 49 х 19.5 милиметри и е опремен и со вграден акцелерометар за автоматско ротирање на сликата на дисплејот. Телефонот има 2.4 инчен QVGA ТFT екран со резолуција од 240 х 320 пиксели, кој е прекриен со стакло отпорно на гребење, а на корисниците на располагање ќе им бидат 160 МВ внатрешна меморија која може да се зголеми со Memory Stick M2 мемориска картичка со капацитет од 2GB која доаѓа во пакувањето со уредот.

Освен големата резолуција, фотографските способности на овој уред ги надополнуваат и ксенонскиот блиц, автоматскиот фокус, технологијата за препознавање на лице, отстранување на ефектот "црвени очи" и стабилизаторот на слика.

Sony Ericsson С905 ќе биде достапен во златна, сребрена и црна боја, а ќе се појави во продажба од октомври годинава.

 

 

 

четврток, 19.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1417.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com