По купче шпекулации, Nokia конечно официјално го објави моделот Е71 - Symbian паметен телефон од бизнис класата.

Nokia E71 има целосна QWERTY тастатура и доаѓа како наследник на популарниoт Е61i, тенок e само 10 милиметри, но смален е и дисплејот на 2.36 инчи (во споредба со 2.8 инчниот кај Nokia E61i). Teлефонот има и вграден акцелерометар за автоматско ротирање на сликата на дисплејот, како и за автоматско исклучување на повиците кога уредот е превртен наопаку.
E71 има и вграден GPS приемник кој функционира со Nokia Maps, камера со резолуција од 3 мегапиксели која снима видео во VGA резолуција со 22 фрејма во секунда, поддршка за Wi-Fi и HSDPA, има вградена меморија од 110МВ која може да се прошири со microSD картичка до 8GB.
Уредот ќе се појави на пазарот од овој месец, по очекувана цена од околу 350 евра (пред даноци и останати давачки).
петок, 20.06.2008