Шоубизнис

» поопширно



Јапонија воведува тродимензионална ТВ

Hyundai го исфрли првиот тродимензионален телевизор на јапонскиот пазар, преку кој можат да се следат посебни кабловски канали со тродимензионална програма.

Телевизорот кој засега се продава исклучиво во Јапонија бара користење на посебни 3D наочари и чини околу 4.000 долари. Моментално, кабловските оператори во јапонија пуштаат специјална тродимензионална програма само четири пати дневно и тоа најчесто од спортски натпревари.

Според кабловските оператори во Јапонија, најбитното за развојот на оваа технологија се новите содржини и учеството на другите големи компании во производството на уредите. Гледачите во Јапонија покажуваат голем интерес за 3D каналите, но многу од нив немаат соодветен телевизор.

Според најавите од Hyundai, во скоро време не постојат планови технологијата да се појави и надвор од Јапонија.

 

 

петок, 20.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1443.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com