Со обработката на песната You Shock Me All Night на AС/DC, Селин Дион ја освои титулата на личност одговорна за најголема "музичка навреда".
Имено, британскиот магазин Total Guitar нејзината интерпретација ја прогласи за "ѓубре".
"Тоа е апсолутно најлошата обработка на сите времиња, тоа е ѓубре", изјави уредникот на Total Guitar Стивен Лосон.
Второто место на листата на најлоши обработки им припадна на Girls Aloud/Sugababes за интерпретацијата на песната Walk This Way (Run DMC и Aerosmith), а следи More Than Words во интерпретација на Westlife.
Понеделник, 23.06.2008