Откако ја пуштија третата верзија на "Огнената лисица", во Mozilla се насочија кон нови проекти, а најважниот е - мобилниот Firefox.
Мобилниот прелистувач на интернет страници кој се развива како дел од Firefox 4 платформата под кодно име Fennec, на пазарот ќе се појави од наредната година, но првата aлфа верзија би требало да се појави веќе оваа есен, додека бета верзијата може да се очекува кон крајот на годинава.
Со ова, борбата помеѓу двата најпопуларни броусери Firefox и Internet Explorer ќе се префрли и на мобилниот пазар.
Понеделник, 23.06.2008