Panasonic неделава би требало да го претстави мини таблет од својата Toughbook линија на производи, кој би требало да работи на Centrino Atom платформата на Intel.
Неговиот прототип има екран на допир со големина од 5.6 инчи кој со QWERTY тастатура е поделен на пола, а со неа се управува типкајќи со прстите по екранот.
Овој таблет PC веќе беше претставен годинава на CeBit во Германија, а потоа и на девелопер форумот на Intel кој се одржа во Шангај, за време на претставувањето на Centrino Atom платформата.
Интересно е што за време на презентацијата во Шангај, Ананд Чандресекер од Intel намерно го испушти на подот за да ја докаже неговата робусност и издржливост.
Вторник, 24.06.2008