Шоубизнис

» поопширно



Гејмерски мобилен од Sony Ericsson

Sony Ericsson претстави модел на мобилен телефон кој првенствено им е наменет на гејмерите. Моделот F305 има тастатура прилагодена за играње, како и сензори осетливи на движење за управување со игрите.

Според Sony Ericsson, оваа компанија и претходно има користено технологија за чувствителност на движења, а сега ја имплементирале како начин за управување со игрите.

F305 е слајдер телефон со поддршка за 3D графика, кој додека се играат игри се држи хоризонтално. Со него доаѓаат три преинсталирани игри, а повеќе од 50 игри можат да се симнат од Gameloft.

Освен опцијата за гејмери, телефонот има и поддршка за Bluetooth, EDGE и прелистувач на интернет страници. На пазарот би требало да се појави од септември по сеуште непозната цена.

 

 

Вторник, 24.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1500.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com