Бројката на компјутери кои се во употреба низ светот ја надмина бројката од една милијарда, соопшти Институтот за истражување на пазарите Гартнер.
Според предвидувањата на стручњаците, доколку растот продолжи со сегашното темпо, бројката од две милијарди би требало да биде надмината во 2014 година.
И понатаму, најголем број компјутери се користат во индустриски развиените земји, но поради брзиот стопанаски развој се намалува јазот со земјите во развој.
Ширењето на интернетот и се пониската цена на хардверот се наведени како главни причини за зголемувањето на бројот на компјутерите.
Вторник, 24.06.2008