Nokia најави купување на сите акции од Symbian кои моментално не ги поседува. Се работи за 52% од акциите, кои финската компанија би требало да ја чинат 264 милиони евра.
Понудата на Nokia досега ја прифатиле Sony Ericsson, Panasonic и Siemens, со што Nokia обезбеди 92% од акциите на Symbian. Nokia верува дека и Samsung нема причина да ја одбие понудата, со што сопственоста над Symbian би се комплетирала.
Oрганизацијата Symbian Foundation на производителите на мобилни им пружа софтверска платформа за нивните уреди.
Потегот на Nokia се објаснува како реакција на Open Handset алијансата на Google и уште неколку слични напори да се стандардизира оперативниот систем во Smartphone уредите на глобално ниво.
Symbian денес е еден од најраширените оперативни системи за мобилни телефони, највеќе благодарение на Nokia која го користи во своите уреди.
Среда, 25.06.2008