Шоубизнис

» поопширно



Збогум Гејтс

Првиот човек на Microsoft денес треба да го помине последниот работен ден во компанијата која ја основаше пред 33 години, со идејата дека компјутерите еден ден ќе станат дел од секојдневието.

Компанијата објави дека не планира никаква посебна јавна прослава по овој повод, иако заминувањето на Гејтс во пензија ќе биде одбележано интерно, во самата компанија.

52 годишниот Гејтс ќе ја задржи титулата директор на компанијата, но без извршни овластувања и ќе работи само еден ден неделно. Остатокот од животот планира да го посвети на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс - најбогатата фондација на светот, чија цел е помагање на медицината и намалување на сиромаштијата низ светот.

Основана со капиталот кој Гејтс го заработи во Microsoft, фондацијата има повеќе од 38 милијарди долари.

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет кој моментално е најбогатиот човек на светот, исто така најави донации за фондацијата на Гејтс.

 

 

Петок, 27.06.2008

http://www.kajgana.com/statija_1577.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com