Самоодржливиот град наречен “Lilypad” би требало да биде дом на околу 50.000 климатски бегалци од најлошо погодените подрачја,вклучувајќи го и Лондон.
Последните истражувања покажуваат дека нивото на морето може да се подигне за 88см до 2100-та година, доведувајќи многу острови во Тихиот океан во опасност. Овој драматичен скок од скоро еден метар може да им се закани на ниско крајбрежните подрачја како и на големите градови кои се наоѓаат на такви подрачја, како Лондон, Њујорк и Токио.
Но, еден архитект – визионер пронајде решение за луѓето од тие загрозени подрачја во облик на половечки футуристички градови наречени “Lilypad”. Белгискиот архитект Винсент Калебо (Vincet Callebaut), вели дека екополисот нуди долгорочно решение за овој огромен проблем на подигањето на нивото на морето. Кога големите крајбрежни градови ќе бидат поплавени “Lilypad” ќе биде во можност да плови по светските мориња како брод.

"Некои градови трошат милиони долари за своите плажи и насипи да ги направат поголеми и поцврсти. Но, овој проект нуди долгорочно решение" вели архитектот кој додава, "Исто така ќе има улога на прифаќање на бегалците од островите кои ги поплавило морето".
Собирајќи и прочистувајќи дождовница, “Lilypad” ќе плови по светските мориња следејќи ги океанските струи и ветрови. Градот ќе добива енергија од обновливи извори како сонцето, ветрот и водата, а ќе произведува и повеќе енергија од потребите. Ќе биде потполно еколошки прифатлив, затоа што целиот CO2 и отпад ќе бидат рециклирани.

"Целиот град ќе биде прекриен со растенија во висечки градини без сообраќај и автомобили. Целата е да се створи коегзистенција меѓу луѓето и природата", нагласи Kaлебо, кој вели дека проблемот да се сместат милиони луѓе кои ќе станат бездомници заради климатските промени ќе стане еден од најголемите предизвици на 21-от век.
Илија Шулев | Кајгана
Петок, 04.07.2008